види вака ви претставува:

ПРАВОСУДСТВО, РАЗЈАСНЕТО!

ЗА ВАС НА ЕДНО МЕСТО ГИ СОБРАВМЕ ИСТРАЖУВАЊАТА ПОВРЗАНИ СО ЛАВИРИНТИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО КАКО И РЕСУРСИТЕ КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ ЗА ПОЕФИКАСНО НАОЃАЊЕ НА КЛУЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРОЦЕСИ ВО СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со овој серијал посветен на правосудниот систем во Македонија, Види Вака преку аудио визуелно раскажување се труди да ви ги приближи проблемите и решенијата кои постојат во ситуација кога се бара правда. Со давање на глас на безгласните, во 12 мултимедијални приказни, каде преку лични искуства на граѓаните на Македонија разработуваме случаи поврзани со правосудниот систем во Македонија со цел да ги откриеме потешкотиите со кои соочувааат граѓаните при добивање на правдата и да посочиме на можните грешки или решенија во овие случаи.

За полесно да ги поминете правосудните препреки подготвивме и шест интерактивни видео водичи каде преку игра ќе можете да дознаете што треба да направите доколку и вие се најдете во ситуација да барате правда.

Дополнително за да можете секогаш да имате со вас потсетник за постапките и чекорите кои треба да ги направите можете да ги испечатите дванаесетте листоци во облик на инфографици и секогаш да ви бидат достапни.

Доколку пак имате потреба од бесплатна правна помош и се квалификувате за истата можете преку формата за пријава да ја побарате од нашите партнери Македонското здружение на млади правници.

Мултимедијални приказни

Интерактивни видеа

Инфографици